„Арнаутовиќ му кажа на Мурињо дека е посилен од Ибрахимовиќ“

Макфакс

14/04/2025

12:18

982

Големина на фонт

а а а

Познатиот голман на Интер, Жулио Цезар, раскажа анегдота од периодот кога ја делеше соблекувалната со Марко Арнаутовиќ и Златан Ибрахимовиќ.

Наводно, Арнаутовиќ побарал од тогашниот тренер Жозе Мурињо да игра наместо Ибрахимовиќ.

„Мурињо ми кажа дека кога дошол Арнаутовиќ побарал состанок за да му каже дека треба да игра наместо Ибрахимовиќ. Му рекол: „Јас сум посилен од Ибрахимовиќ“, откри Цезар за „Газета дело Спорт“.

Арнаутовиќ не играше таа сезона, но беше дел од тимот кој ја освои тројната круна.

„Се надевам дека ќе може да освоиме уште една триплета“, додаде бразилскиот голман, кој играше за Интер од 2005 до 2012 година.

Арнаутовиќ ја демантираше оваа приказна.

„Не, тоа е лага, никогаш не би рекол такво нешто. Многу го почитувам. Среќен сум што играв со такви шампиони“, изјави Арнаутовиќ.