УЕФА размислува за промена на едно правило во новиот формат на Лигата на шампионите

Дерби

15/04/2025

14:07

990

Големина на фонт

а а а

Раководството на Европската фудбалска федерација (УЕФА) неколку пати досега потенцираше дека е задоволно од новиот формат на Лигата на шампионите, но одредени правила може да се менуваат од сезона во сезона.

Англиските медиуми тврдат дека Александар Чеферин и неговите соработници размислуваат да обезбедат дополнителна мотивација за екипите во главната фаза на ЛШ, со што подобриот пласман би им овозможил да бидат носители и по осминафиналната фаза.

Ова е реакција на ситуацијата со четвртфиналниот двомеч меѓу Арсенал и Реал Мадрид, на кој шпанскиот клуб ќе биде домаќин на реваншот, иако Арсенал го освои третото, а Реал единаесеттото место на табелата.

Арсенал си обезбеди одлична предност од првата средба, но во секој случај екипите кои посебно се залагале и имале добри резултати во главната фаза, може да добијат предност да играат на домашен терен и во четвртфиналето и полуфиналето.

Сега прашањето за домаќин на реваншот се решава со ждрепка, но во УЕФА сметаат дека со факов формат не ги наградуваат доволно екипите кои се покажале како најуспешни во главната фаза.