Скаутите на Реал Мадрид и Барселона долго ги следеле игрите на шпански талентиран фудбалер, но на крајот тој решил да ја прифати понудата на Њукасл.
Антоњито Кордеро го привлече вниманието со настапите во дресот на Малага и шпанската репрезентација за играчи до 19 години, а младинската академија на шпанскиот клуб ќе ја замени со „црно-белиот“ дрес на Њукасл.
Малага првично не успеала да го убеди Кордеро да потпише нов договор и да остане во овој клуб барем уште неколку сезони, а Њукасл му понудил петгодишен договор со многу подобар финансиски пакет.
Барселона била многу блиску до потписот на Кордеро, но Малага одбила реализација на ваков трансфер претходното лето, за потоа Реал Мадрид и уште неколку европски клубови да разговараат со неговите родители и агенти.
По крајот на сезоната Кордеро ќе замине во Англија и во јуни ќе биде потврден како член на Њукасл, со кого ќе има договор до 2030 година, во која Шпанија ќе биде коорганизатор и на светското првенство.