Атлетико Мадрид го победи Ваљадолид со 4:2 во последниот натпревар од 31.коло на Ла Лига. Главната тема по натпреварот е прекрасениот гол на Џулијано Симеоне, синот на тренерот на Атлетико, Диего.
По натпреварот, тренерот на Атлетико, кого некои претходно во сезоната го обвинија за непотизам, дека Џулијано игра само затоа што е син на Диего, доби прашање за неговиот син.
„Не очекував дека ќе игра вака оваа сезона, иако очекував дека ќе ни помогне. Тој игра добра сезона и се надевам дека ќе може да го задржи ова ниво. Никој ништо не му дал и никој ништо нема да му подарил. Тој го знае тоа, бидејќи ме познава подобро од кој било”, изјави Симеоне.
Џулијано Симеоне е во Атлетико од својата 17-та година, а игра на позицијата крилен напаѓач. Изминатите две сезони ги мина на позајмица, прво во второлигашот Сарагоса, а потоа и во прволигашот Алавес.
На почетокот на оваа сезона тој се врати во својот матичен клуб и на 40 настапи постигна пет гола и седум асистенции. Минатиот месец тој го постигна деби голот за аргентинската репрезентација против Бразил.