Скандалот меѓу Ванда Нара и Мауро Икарди продолжува да ја тресе јавноста додека нивната бракоразводна постапка влегува во нова фаза, а сега во приказната се вклучи и фудбалерот Кеита Балде, со кого, според тврдењата, Ванда го изневерувала Икарди.
Балде, кој е од Сенегал, јавно проговори и сè призна, додека Икарди објави список на мажи со кои тврди дека Ванда имала афери.
Сенегалецот изјави дека Мауро и Ванда се „без срце“ и дека се кае што ја изневерил својата сопруга. Но, сега се појавија нови информации кои ја продлабочуваат драмата.
Аргентинските медиуми објавија дека Ванда му подарила два часовника "Rolex" на Балде, и тоа платени со кредитната картичка на Икарди.
Да потсетиме, Мауро Икарди во март поднесе барање за развод, кое беше прифатено од судот во Милано. Во тек се рочишта на кои се расправа за поделбата на заедничкиот имот, висината на алиментацијата за нивните ќерки и други правни и финансиски прашања.