Килијан Мбапе ќе паузира од еден до три натпревари поради ужасниот старт кој го режираше вчера на натпреварот во Виторија, гостување на кое Реал Мадрид успеа да слави и без својот најдобар голгетер.
Французинот имаше момент на помрачување во првото полувреме и малку фалеше да му ја скрши ногата на Антонио Бланко, а за агресивната игра која ја прикажа, сосема оправдано му беше покажан директен црвен картон.
Мбапе наиде на огромни критики во јавноста поради опасниот старт, па иако Французинот ги избегна новинарите во обид да ја намали тензијата, новинарите открија фото-доказ дека Килијан сепак покажал доблест.
Угледниот „АС“ имал право да присуствува на моментот кога Мбапе лично му се извинил на Бланко за својот потег, но покрај тоа, Килијан влегол во соблекувалната на Алавес и им се извинил на сите негови соиграчи за недоличната реакција.
Мбапе на овој начин ставил крај на немилата епизода, а откако било прифатено извинувањето од Бланко, си заминал од Виторија разочаран од самиот себе.
#FotoAS
— Diario AS (@diarioas) April 13, 2025
🙏 Mbappé se disculpó personalmente con Blanco por su dura patada y también lo hizo con sus propios compañeros
😠 Vuelve de Vitoria muy molesto consigo mismo pic.twitter.com/mFqXPEwHeS