Лука Дончиќ е еден од најпознатите кошаркари во светот, но детали од неговиот приватен живот остануваат во сенка на неговата спортска слава. Сепак, познато е дека со години ужива во љубовта со Анамарија Голтес, убавата словенечка манекенка која дипломирала економија. Нивната приказна е вистинска модерна бајка, но и доказ дека судбината може да ги зближи луѓето на неочекувани начини.
Љубов како во филмовите
Лука и Анамарија се запознале како деца, на островот Крк, кога имале околу 12 години. Двајцата често летувале на тој хрватски остров, а иако во тоа време биле деца, нивното пријателство постепено прераснало во љубов. Двојката е во врска од 2016 година, а со текот на годините нивната љубов растела, иако повремено се соочувале со предизвиците на животот пред очите на јавноста.
„Ме освои со својата младешка и разиграна енергија. За мене во тоа време беше нешто ново, свежо … Кога се запознавме имав 12 или 13 години, тој беше понизок од мене, па можам да кажам дека висината и мускулестото тело не ми беа толку важни. Лука е едноставно интересна личност и сè уште има се што тогаш ме привлекуваше кон него“, изјавила Анамарија во една прилика.
Тие изјавиле дека сè уште имаат пријатели од детството.
„Сè уште ја имаме истата група пријатели од тој период. Вистинските остануваат, нели?“, рекла таа за време на сесијата за прашања и одговори на Инстаграм.
Лука постојано зборувал за тоа колку Анамарија му помага, нагласувајќи дека кога ќе дојде дома не зборува за кошарка и му помага да се опушти.
„Кога ќе се вратам дома, нема муабет за кошарка, навистина е така“, изјавил Дончиќ во емисијата „Хедлајнерс“.
Предлог за брак и симболиката на бројот 77
Она што е интересно во нивната врска е тоа што Лука ја запросил Анамарија на многу оригинален начин. Тој ја запросил својата девојка на 7 јули 2023 година, датум што одговара на бројот 77 на неговиот дрес, за време на романтично запросување во Словенија. Парот ја споделил радосната вест на социјалните мрежи, а Анамарија по поводот напиша дека Лука ѝ е најдобар пријател, момче и вистинска љубов сè во едно.
На крајот на истата година нивната среќа стана целосна со доаѓањето на нивната ќерка Габриела. Дончиќ го пропушти натпреварот против Мемфис поради нејзиното раѓање, а подоцна патиките што ги носи на теренот ги украси со нејзиното име и срце.