Познатата азиска актерка Барби Хсу почина од грип

Макфакс

05/02/2025

08:55

881

Големина на фонт

а а а

Почина познатата тајванска актерка и водителка Барби Хсу, објави „Глобал Тајмс“. Хсу почина на 48-годишна возраст за време на патување во Јапонија, откако се зарази со грип што доведе до пневмонија. Според извештаите, таа неколку дена се чувствувала лошо, не го напуштила хотелот, а Итната помош интервенирала двапати. За жал, таа не добила навремена лекарска помош и починала во болница.

На социјалните мрежи се појавија дискусии за тоа каде точно се заразила од грип што ја довел до смрт – во Тајван или во Јапонија. Според нејзината помлада сестра Ди Хсу, Барби заболела од грип за време на семејно патување во Јапонија. Ди Хсу не го прецизираше местото и времето на смртта на нејзината сестра.

Нејзината смрт предизвика дискусии за грипот и здравствениот систем во Јапонија на кинеските социјални мрежи, каде што корисниците ги споделија своите искуства со лекувањето на грип во таа земја.

Темите поврзани со сериозноста на грипот во Јапонија станаа вирални на кинеските социјални мрежи. Објава со хаштаг „јапонски грип“ е прегледана повеќе од 21 милион пати на платформата RedNote. Друга популарна објава со хаштаг „јапонската болница вели дека останала без лекови и ги советува пациентите да се вратат дома“ беше меѓу најпребаруваните теми на кинеската верзија на Икс, Sina Weibo, во вторникот попладне, со повеќе од 13 милиони прегледи.