Неодамна во јавноста беше откриен случај на интернет измама во кој Бред Пит беше „главниот актер“.
Иако интернетот и социјалните мрежи имаат многу придобивки, понекогаш тие може да бидат и многу опасни. Поради тоа, јавноста беше шокирана од признанието на една Французинка, која тврдеше дека Бред Пит ја изневерувал за пари, откако извесно време поминала во онлајн врска со него.
Како што изјавила таа, мајката на актерот, Џеј Ета Пит, прво и испратила барање за пријателство на Фејсбук, а потоа и самиот „Господин Смит“ ја контактирал. По некое време, тие започнале да се допишуваат и брзо се впуштиле во виртуелна романса. Лажниот Бред Пит, кој се претставувал како актерот, ѝ испратил и селфи фотографија, која била направена со помош на вештачка интелигенција.
Жената не била свесна за измамата додека Пит не побарал од неа 800.000 долари како финансиска помош за наводно лечење од рак. Кога сфатила дека станува збор за добро координирана шема на интернет измамници, било веќе доцна. За жал, случајот со лажниот Бред Пит не е единствен, а многу други познати личности и нивните семејства често се користат како мамка за наивни и необразовани луѓе.
Слична ситуација се случила и со холивудската актерка Сандра Булок, а целата ситуација беше објаснета преку социјалните мрежи. На Фејсбук започнале да се појавуваат профили кои лажно се претставувале како неа, но и како нејзината сестра, Зезине Булок-Прадо.
„Безбедноста на моето семејство, како и на невините луѓе кои беа експлоатирани, е моја длабока грижа, и ќе дојде време кога ќе коментирам повеќе, но засега нашиот фокус е да им помогнеме на органите на редот да го решат ова прашање“, изјавила сестрата на актерката.
„Не можете да замислите што им прават сега…“ Жената која изгубила 830.000 евра во огромна измама со лажен Бред Пит минува низ агонија: Покрај тоа, Зезине истакнала дека е возрасна и остварена жена од 54 години, која има многу подобри работи во животот од тоа да се „дружи“ на социјалните мрежи и да бара пари или слични услуги од луѓето.
„Поминувам голем дел од денот известувајќи за лажни профили и справувајќи се со чудни и застрашувачки мејлови, како на работа, така и дома, кои ги добивам од мажи кои веруваат дека преку едно од овие многу лажни „јас“, имаат врска со мојата сестра преку приватни пораки и страници надвор од апликацијата, давајќи (понекогаш) илјадници долари на неверојатно славна и успешна возрасна жена.“
Зезине понатаму ја изразила својата фрустрација, пишувајќи: „Овие криминални кругови и измами се добро познати на компанијата и на светот, но фактот дека сум доведена во опасност, како и мојата егзистенција, не значи ништо“. Како и Сандра, таа изјавила дека органите на редот се вклучени во решавање на ситуацијата.