[ФОТО/ВИДЕО] Осамнаа нови сочни пораки меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: Еве го одговорот дали постоело насилство

Точка

05/02/2025

12:11

1.195

Големина на фонт

а а а

Џастин Балдони објави пораки за кои тврди дека ги добил од Блејк Лајвли, неговата колешка од филмот „Ова завршува со нас“ („It Ends With Us“) во кои тие наводно разговарале како една од сцените да биде „поинтересна и попривлечна“.

 Ова го направи со цел да и го „возврати ударот“ на Блејк, откако таа поднесе тужба против него за сексуално вознемирување и обиди да ја наруши неговата професионална репутација.

На првото судско рочиште, кое се одржа на 3 февруари, адвокатот на Блејк Лајвли, Мајкл Готлиб, го обвини тимот на Балдони дека дава „вознемирувачки вонсудски изјави“ за медиумите. Правниот застапник на Балдони, Брајан Фридман, возврати обвинувајќи го тимот на Блејк Лајвли дека се обидува да му наметне „затворена наредба“ за да го спречи да комуницира со медиумите.


Судијата Луис Лајман ги прекори двете страни, истакнувајќи дека „на јавноста и е даден обемен материјал за дебата“.

Балдони, кој поднел противтужба за клевета, неодамна отвори веб-страница на која се објавени судски документи, вклучително и СМС пораки за кои тој тврди дека Блејк му ги праќала.


Една од клучните сцени споменати во пораките се случува на покривот на една зграда, каде ликовите Лил и Рајл за првпат се среќаваат. Нивниот разговор е замислен како меѓусебен флерт, со што се поставуваат темелите за нивното пријателство, а подоцна и романтична врска.

Според тимот на Балдони, разговорот со пораката датира од 8 април 2023 година. Во него Блејк наводно ја изразува својата желба сцената со флертување дополнително да го нагласи карактерот на нејзиниот лик.

„Ти си апсолутно најдобар. Благодарам“, наводно му напишала откако тој ѝ дал дозвола да го измени дијалогот.

Во подоцнежна порака, Лајвли наводно пишува: „Можам да ти ја испратам мојата верзија на сцената на покривот или да ја поминеме заедно следната недела. Кажи ми што најмногу ти одговара“.

„Доколку ме познаваш подолго, ќе разбереш како моето задевање може да изгледа заводливо и шармантно“, наводно продолжува Блејк. „Тоа е мојот љубовен јазик – пикантен и храбар, но никогаш не гризам. И подеднакво е важно тој да возврати“.

Балдони, наводно, одговорил дека сака нејзиниот лик да биде „силен, смешен, разигран и храбар“.

Потсетуваме, во декември 2024 година, Блејк Лајвли поднесе правна жалба против Балдони за сексуално вознемирување и наводно учество во „кампања за оцрнување“. Во јануари 2025 година, таа поднесе дополнителна тужба за вознемирување и одмазда, обвинувајќи го Балдони за несоодветно однесување на сетот, вклучително и сцена во која нивните ликови изведуваат бавен танц.

Балдони ги негираше сите наводи, а неговата компанија поднесе противтужба, вклучително и објавување на снимка од сетот како доказ.