[ФОТО] „Billboard Women in Music“ донесе впечатливи модни креации: Од проѕирни ткаенини до коса на корсет

Точка

30/04/2026

14:15

435

Големина на фонт

а а а

Во Лос Анџелес вчера се одржа доделувањето на наградите „Billboard Women in Music“, а бројни познати дами избраа впечатливи аутфити за црвениот тепих.

На доделувањето беа наградени уметници кои ја одбележаа изминатата година, при што Тејана Тејлор го понесе признанието за визионерски придонес.


Оваа пејачка и актерка се појави во корсет-фустан со необични детали кои наизглед беа направени од коса. Долниот дел беше составен од слоеви тул, а корсетот на задниот дел имаше и плетенка направена од коса.

Тејт Мекреј на доделувањето беше истакната како хитмејкерка благодарение на големите успеси на топ-листите.


Зара Ларсон, која прошета во впечатлив жолт фустан, ја доби наградата за „пробив на годината“, а Келани освои признание за влијание во музиката и општеството. Пејачката се појави во топ што делува како спој на кошула и маица, како и во црни панталони и салонки.


Меѓу наградените беа и Лауфеј како иноваторка, како и Мараја д Сајентист како ѕвезда во подем, додека Ела Ленгли беше наградена за силен комерцијален успех. Лауфеј носеше волуменозен, проѕирен бел фустан.

Латино легендата Талија доби признание за статус на икона. Посебни признанија добија и групата „HUNTR/X“ како жени на годината, како и филипинската група „BINI“ за глобално влијание, со што вечерта беше заокружена како прослава на различни генерации и правци во современата музика.