[ФОТО] Како да излегла од најубавата бајка: Прекрасен и нежен фустан со кој Иванка за малку ќе ја засенела Меланија Трамп

Точка

30/04/2026

08:10

2.462

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Доналд Трамп беше една од гостите на синоќешната државна вечера одржана во Белата куќа во чест на британскиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила. А стајлингот што го избра за оваа пригода беше неверојатен.

Синоќа во Белата куќа се одржа државна вечера во чест на британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила, кои се во четиридневна посета на САД.

Секако, првата дама Меланија Трамп беше меѓу најзначајните, која ги шармираше сите во нежно розов фустан од „Dior“ и многу потсетуваше на Џеки Кенеди.


Сепак, веднаш по Меланија, целото внимание го привлече ќерката на Доналд Трамп, Иванка Трамп, која се појави во Вашингтон на настан организиран од нејзиниот татко и маќеа.

Секако, нејзиниот сопруг Џаред Кушнер ја поддржа, а оваа 44-годишна жена, која го напушти Вашингтон и се пресели во Мајами, ги воодушеви сите присутни во син фустан од „Reem Actra“ кој беше нежен и сонувачки, како да пристигнала директно од најубавата бајка.


Околу манжетните, струкот и деколтето, фустанот има сребрени декорации кои придонесуваа за луксузната и празнична нота.

Иванка својата руса коса ја стилизирала во локни преку едното рамо и ја пуштила да паѓа по телото.

Темните „smokey eyes“ беа нејзиниот избор за синоќа и не погреши, бидејќи нејзината шминка го надополнуваше овој прекрасен изглед.