Познатиот британски актер Арон Тејлор-Џонсон (35) ѝ приреди на својата сопруга, познатата режисерка Сем Тејлор-Џонсон, незаборавен роденденски викенд во Италија за нејзиниот 59-ти роденден.
Арон и Сем се вљубени како првиот ден и се среќно венчани од 2012 година. И покрај бројните коментари, бидејќи тој тогаш имаше 22 години, а таа 45, нивната љубов никогаш не била посилна.
Арон, сега ѝ подари на својата сопруга роденден за паметење во „Вечниот град“ на нејзиниот 59-ти роденден, кој беше на 4 март.
Двајцата споделија прекрасни моменти на Инстаграм. Арон објави фотографии од нив пред римски знаменитости со трогателната порака „Ти и јас… во Рим. Среќен роденден, љубов моја“.
Сем, исто така, одговори со серија фотографии, вклучувајќи ја и онаа на која нејзини сопруг среќно скока во воздух.
Ова е добро позната семејна традиција, а минатата година тој сподели фотографија од едно од нивните заеднички патувања со пораката: „Среќен роденден, убавице! Обожавам да го поминувам секој момент со тебе“.
Двојката се запознала во 2009 година за време на снимањето на дебитантскиот филм на Сем „Џон Ленон: Момчето кое не ветува“, во кој Арон ја играл музичката легенда. Тие се венчале три години подоцна и ги обновиле своите завети во 2022 година за нивната десетгодишнина.
Тие се родители на две тинејџерки: Вајлд, 15 години, и Роми, 14 години. Арон се грижи и за постарите ќерки на Сем, Анџелика и Џеси, од нејзиниот брак со уметникот Џеј Џоплинг.










