[ФОТО/ВИДЕО] Една од најубавите жени во светот изгледа непрепознатливо, обожавателите: „Тажно, беше прекрасна“

Точка

26/02/2026

19:49

810

Големина на фонт

а а а

Британската манекенка Роузи Хантингтон-Вајтли со години ужива во статусот на една од најубавите жени во светот. Отсекогаш била препознатлива по своите полни усни, изразената вилица и јаболчници, како и по сините очи.

Меѓутоа, нејзините обожаватели во последно време почнаа да забележуваат големи промени на нејзиното лице.

Манекенката неодамна се прошетала по пистата на модната ревија на „Барбери“, по што се појавија шпекулации дека се подложила на естетски зафати и дека во тоа претерала. Нејзиното лице на ревијата изгледало значително поразлично од претходно, а некои дури и не ја препознале.


„Толку многу зафати на нејзиното лице. Тажно, бидејќи порано беше прекрасна“, „Што направи со своето лице?“, „Изгледа чудно“, „Си го уништи лицето“, се само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.


Гласините за естетски зафати дополнително ги поттикнало и видеото што го објави магазинот Вог, снимено за време на интервјуто со манекенката. Нејзиното лице на снимката можеше да се види одблиску, а многумина се согласија дека манекенката драстично се променила.

Некои нејзиното лице го опишаа како „отечено“, а видеото го споредија и со нејзините уредени фотографии на Инстаграм.


„Ова е доказ дека Инстаграм не е реалност“, „Беше природна убавица, зошто го направи тоа?“, се само дел од коментарите на обожавателите кои започнаа расправа за прекумерната употреба на дермални филери во вилицата и образите, ботокс, како и вградување импланти во брадата.

Некои обожаватели порачаа дека манекенката го „уништила“ својот препознатлив изглед.


Меѓутоа, дел од обожавателите застанаа во одбрана на познатата манекенка и истакнаа дека нејзиниот изглед во последно време може да биде последица на различни фактори, како шминка или неповолно осветлување.

Роузи не ги коментирала гласините за естетски зафати, но претходно открила дека претпочита природно стареење. Тогаш нагласила дека идејата за трајни промени на лицето ѝ е „застрашувачка“.

„Никогаш не сум направила ништо на моите усни. За нив можам да му се заблагодарам на татко ми“, изјавила во минатото, а промените на своето лице ги припишала на губење килограми, созревање и техники на шминкање.