[ВИДЕО/ФОТО] Ќерката на Моника Белучи во најпровокативното издание досега: Позираше во интимна долна облека

Точка

26/02/2026

09:28

1.440

Големина на фонт

а а а

Дева Касел, ќерката на Моника Белучи и Венсан Касел, позираше за новото издание на француското списание „Vanity Fair“ со актерот Жилиен де Сен Жан. Тие остварија улоги во филмот „Le Fantome de l'Opera“, кој ќе има премиера овој септември.

Таа, меѓу другото, позираше во интимна долна облека и чипкана тоалета. Модните комбинации ги осмисли стилистката Тања Рат-Патрон. За шминката беше задолжена Јоланта Цедро, а за фризурата Џон Ноле.


„Апсолутно е прекрасна и многу потсетува на својата мајка“, „Таа ќе ја освои актерската сцена“, „Прекрасна дама“, „Со нетрпение го очекувам овој филм“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Филмот „Le Fantome de L'Opera“ го режираше Александре Кастањети, кој, меѓу другото, изјави дека Дева го воодушевила на прв поглед. Говорејќи за улогата на Анастасија Мареску, таа наведе:


„Ова е мојата прва улога во Франција. Тоа е проект што е многу поголем од мене, како и сите оние што ќе следуваат. Значи, очигледно е дека сакав добро да ја завршам работата“.

Новинарката Норин Раја спомена дека Моника Белучи уште во 2004 година позирала гола за насловната страница на „Vanity Fair“ и дека тогаш била бремена со Дева.


„Ох да, точно“, рече Дева со насмевка. На прашањето што најмногу памети од детството, одговори:

„Авионите. Поминав многу време во нив, со родителите, сестрите, пријателите. Во нив доживеав цел спектар емоции: радост при пристигнување, тага поради напуштање на некое место или некоја личност...“.