[ФОТО] Хејли Стајнфелд чека принова, актерката гордо го покажа трудничкиот стомак: „Животот во последно време“

Точка

26/02/2026

08:51

671

Големина на фонт

а а а

Американската актерка и пејачка Хејли Стајнфелд со сопругот, НФЛ ѕвездата Џош Ален, го очекува своето прво дете, а сега го покажа и трудничкиот стомак на фотографии.

Имено, актерката на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа како седи на кујнската маса, носејќи сино-жолта пругаста маица со долги ракави подигната над стомакот. Со маицата, Стајнфелд носела кратки шорцеви и бели чорапи, додека во раката држела шолја кафе.


Актерката седи со својот сопруг, кој исто така држи шолја кафе и со насмевка се гледаат. Во описот на фотографијата напиша: „Животот во последно време“.

Инаку, Стајнфелд и Ален во декември минатата година објавија дека го очекуваат своето прво дете. Актерката веста ја сподели во својот „Substack newsletter“, во рамките на ретроспективата на нејзините 29 омилени моменти од изминатата година, во чест на својот 29-ти роденден. На крајот од листата, Стајнфелд вклучи видео со кое ја најави бременоста, во кое може да се види како позира во снег додека Ален го бакнува нејзиниот труднички стомак.


Претходно, во јануари, Ален зборуваше за претстојната сезона на НФЛ и за својот приватен живот, велејќи дека едвај чека да стане татко и дека со семејството ќе се приспособуваат на ситуациите како што доаѓаат.


„Ова е најважната работа во мојот живот, да се биде татко“, рече Ален, додавајќи дека и понатаму ужива во кариерата на професионален фудбалер, но дека со нетрпение ја очекува улогата на татко.