По апсењето заради поврзаноста со Епстин, на поранешниот принц Ендру му е забранета една работа која многу ја сака: „Се смета дека остава лош впечаток“

Точка

26/02/2026

07:45

1.401

Големина на фонт

а а а

Поранешниот принц Ендру беше уапсен на 20 февруари под сомнение за злоупотреба на јавна функција и поврзаност со Џефри Епстин. Оттогаш, му е наредено да не се занимава со единствената активност што го правела среќен во последно време.

Поранешниот принц Ендру веќе некое време е во центарот на скандал поради неговата врска со педофилот Џефри Епстин.

Имено, еден од синовите на кралицата Елизабета II беше уапсен на неговиот 66-ти роденден, и тоа по 12 часа поминати во притвор.


Тој моментално се соочува со кривична истрага за неговата поранешна улога како британски трговски претставник и можни обвиненија за трговија со луѓе.

Ова е најновиот во низата удари за помладиот брат на кралот Чарлс, чие име често се споменуваше во последните години во контекст на документи поврзани со Џефри Епстин.

Откако беше избркан од луксузната резиденција од страна на кралот Чарлс, Ендру моментално живее во помал имот во Сандрингам, Норфолк.

Во последните месеци, често беше забележуван како јава коњ околу имотот Ројал Лоџ, што, според британските медиуми, беше една од ретките активности во кои уживаше.

Сепак, како што пишува „The Sun“, сега му е забрането и тоа задоволство.

Се вели дека му е забрането да јава коњ во својата нова резиденција бидејќи е забележуван премногу често во јавност, а кралското семејство сака да избегне нови фотографии што би можеле да предизвикаат негативни реакции.

Според изворот, целта е да се спречи јавноста да ги види сцените на насмеан Ендру на коњ, какви што претходно беа направени во Виндзор.


Од неговото апсење на 20 февруари, наводно во јавноста е виден само еднаш.

„По неговото апсење минатата недела, му беше наредено да не јава. Се смета дека остава лош впечаток. Тие не сакаат да го видат како се смее и се смешка на својот коњ како што правеше во Виндзор. Но, тоа беше едно од ретките нешта во кои навистина уживаше, па што, по ѓаволите, ќе прави со своето време сега?“, изјавил изворот за „The Sun“.