[ФОТО/ВИДЕО] Сите очи биле вперени во неа: Јапонката ги шокираше присутните со драматичниот влез и „аутфитот“ на Австралија Опен

Точка

20/01/2026

18:00

706

Големина на фонт

а а а

Наоми Осака предизвика вистински шок и воодушевување во тенискиот свет со својот спектакуларен влез на мечот од првото коло на Австралија опен против Антонија Ружиќ.

Јапонската тениска ѕвезда се појавила на „Род Лејвер Арената“ во долга тиркизна туника инспирирана од медуза, со бели панталони, а аутфитот го надополнила со бел шешир со широк обод и голема пеперутка на врвот. Посебен детаљ беше белиот чадор од кој се влечел проѕирен вел, што на целата комбинација ѝ даде речиси бајковит изглед.


Публиката во арената, со капацитет од 15.000 места, ја поздравила четирикратната Гренд слем шампионка со овации, а Осака подоцна открила дека инспирацијата ја пронашла во детска книга што ѝ ја читала на својата двегодишна ќерка Шаи.


„Кога ѝ ја покажав сликата од медузата, таа беше толку возбудена“, изјави Осака за „Vogue“.


Модната комбинација ја дизајнирал реномираниот моден дизајнер Роберт Вун, кој работел и со ѕвезди како Аријана Гранде, Бијонсе и Карди Би. Откако го симнала шеширот, Осака облекла тиркизна јакна изработена од „Најк“, со нијанси на океански бои.


Додека се загревала, Осака изгледала како грациозно да лебди по теренот, што не останало незабележано ниту кај стручните коментатори.

„Вау, ова е квалитет“, рекол Тим Хенман за „TNT Sports“, а Лора Робсон додала:


„Никогаш не сум видела нешто слично. Ова е ултимативен влез“.

Инаку, Осака ја победи Ружиќ со резултат 2:1 во сетови и во второто коло ќе игра против Сорана Кирстеа.