Гастон со солзи во очите му го предаде мечот на Синер, Италијанецот покажа класа со реакцијата

Дерби

20/01/2026

13:22

430

Големина на фонт

а а а

По два натпреварувачки дена во Мелбурн, денеска дојде на ред на теренот да излезе бранителот на титулата, а Јаник Синер го имаше најнепосакуваниот победнички старт на Аустралијан Опен.

Секој професионален тенисер не може да слави победа кога истата доаѓа поради предавање на свој колега, па таков беше случајот денеска со Синер, кој наместо да се радува, мораше да го теши Иго Гастон.

Иако се обидуваше да остане во игра и да даде максимум, Гастон реши да се предаде откако го загуби вториот сет со 6:1 (првиот го загуби 6:2), па во тие моменти, имаше и мал емотивен распад.

Французинот не можеше да се помири со повредата и со солзи во очите го заврши мечот, а во дадената ситуација голема класа покажа и Синер, кој наместо да ја поздравува публиката, отиде да го теши ривалот.

Синер без многу борба се пласираше во втората рунда на турнирот во Австралија, па сега како бранител на титулата се пласираше во втората рунда во која за ривал ќе го има Дакворт или Прижмиќ.