Грчкиот дијамант блесна во Премиер лигата: Костулас достави кандидатура за гол на сезоната со магија во 91. минута

Дерби

20/01/2026

13:23

363

Големина на фонт

а а а

Ѓорѓе Петровиќ беше на добар пат да прерасне во играч на мечот на натпреварот меѓу Брајтон и Борнмут кој се играше во понеделникот вечерта, но такво нешто спречи Харалампос Костулас во самата завршница.

18-годишниот тинејџер кој се најавува како нов грчки фудаблски дијамант дочека момент на слава на „Амекс стадионот“, а тоа го направи со акробација од која застанува здивот.

Брајтон беше пред пораз на домашен терен бидејќи со резултат 0:1 се влезе во судиското продолжение, но во првата минута од дополнителното време, на сцена стапи грчкиот тинџејџер.

Костулас ја прими топката на гради и изведе спетакуларни „ножички“ во манир на врвен карате мајстор, па со својата реакција ги воодушеви фановите, но и коментаторот.

Младиот Грк го постигна првиот гол во Премиер лигата од месец октомври, но овој сигурно ќе биде и кандидат за гол на сезоната во англиската елита.