Ненад Димитријевиќ дебитираше со добра минутажа и солиден учинок на своето деби како играч на Баерн Минхен, но што е уште поважно, неговиот тим успеа да запише победа во дербито со Басконија.
Баварците беа предводени од неверојатниот Обст и запишаа важен триумф на домашен терен, а Димитријевиќ очекува допрва да го презентира најдоброто од себе и да се воигра со најдобриот шутер во тимот.
– Минатата сезона тука играв како противник, но чувството е далеку подобро кога фановите се зад вас. Со нетрпение ги чекам следните натпревари.
– Игравме поагресивно во второто полувреме, ги контролиравме офанзивните скокови подобро и тоа направи разлика. Уште полесно е кога во тимот имате шутер како Енди Обст, тешко е да не победите кога е во ритам. Тоа не е новост за никого, начинот на кој Енди игра е неверојатен, сигурен сум дека ќе му доделам доста асистенции оваа сезона.
– Дојдов за да му помогнам на тимот, дојдов за да донесам нова енергија. Се надевам дека ќе биде уште подобро, тренерот Пешиќ ми дозволува да бидам свој. Одработив само еден тренинг со тимот, нов сум и ќе треба брзо да се навикнам на функционирањето на тимот, – изјави Нено.








