[ФОТО] Неверојатна ситуација: Ист човек го загуби истиот натпревар двапати во сезона - како тренер на различни тимови

Точка

08/01/2026

12:53

873

Големина на фонт

а а а

Португалскиот тренер Нуно Еспирито Санто дојде до ретко виден „подвиг“ оваа сезона во англиската Премиер лига, откако го изгуби истиот натпревар двапати во сезоната, но како тренер на различни тимови.

Комплицирано на прв поглед, а речиси неверојатно на втор. На почетокот на сезоната популарниот НЕС беше тренер на Нотинген Форест.

Во таа прилика, тој беше поразен со 3:0 од Вест Хем и тоа му беше последниот натпревар на клупата на Нотингем Форест. Доби отказ.


Половина година подоцна, двата тима повторно се сретнаа. Сега Нуно Еспирито Санто е тренер на Вест Хем кој загуби од Нотингем Форест со резултат 2:1.

За работите да бидат уште подраматични, Португалецот наскоро би можел да добие отказ и од Вест Хем. Тоа значи дека по втор пат во сезоната му пресуди „пресметката“ помеѓу Вест Хем и Нотингем Форест.


Овој навистина уникатен подвиг е виден само еднаш претходно во елитниот фудбал, и тоа кај Хари Реднап во дербито на Јужниот брег. Тој ги водеше Портсмаут и Саутемптон и двапати беше поразен во истото дерби во сезоната 2004/2005.

Прво го водеше Портсмаут и беше поразен од Саутемптон со 2:1, а подоцна го презеде Саутемптон и загуби со 4:1 од Портстмаут. Во таа прилика беше дочекан „на нож“ во Портсмаут.