Мартинели се извини за својот срамен потег на „Емирејтс“: Длабоко жалам за мојата реакција

Дерби

09/01/2026

11:45

203

Големина на фонт

а а а

Габриел Мартинели заработи жестоки критики за својот невкусен потег во финишот од дербито со Ливерпул, период во кој играчот на Арсенал реши да оттурне противник кој беше во големи болки.

Конор Бредли заработи тешка повреда на коленото и беше изнесен на носилки, но Мартинели мислеше дека дефанзиецот на Ливерпул симулира и во даден момент се обидуваше да го исфрли надвор од теренот.

За ваквиот потег, Мартинели доби жестоки критики во англиската јавност, а свесен за погрешната проценка е и самиот кој подоцна се извини на социјалните мрежи.

– Си разменивме пораки со Конор и веќе му се извинив за инцидетот. Навистина не сфатив дека е посериозно повреден во жештината на дадениот момент.

– Сакам да нагласам дека длабоко жалам за мојата реакција. Му посакувам на Конор се најдобро и се надевам дека брзо ќе се опорави, – порача Мартинели.