Томас Франк полека може да почне да стравува за својата работа како менаџер на Тотенхем поради лошите резултати, но во изминатите часови е под сериозен притисок во јавноста и поради бизарен гаф кој му донесе непријатели во фан-базата.
Тотенхем играше на „Виталити“ против Борнмут и загуби на драматичен начин во судиското продолжение (3:2), меѓутоа за фановите поболна е сликата која се шири на социјалните мрежи, а во која во прв план е менаџерот на Тотенхем.
Томас Франк беше уловен како пие кафе во хартиена чаша со обележја на Арсенал, а бидејќи станува збор за најлутиот ривал на „петлите“, јасно е зошто фановите жестоко го нападнаа на социјалните мрежи.
По непријатниот пораз, Франк мораше да одговара и на бизарната ситуација која самиот ја режираше, при што нагласи дека се работи за глупава случајност која може да му се случи на секоог.
– Дефинитивно не забележав дека пијам кафе од чашка на Арсенал. Би бил целосно глупав ако знаев за тоа и излезев така на теренот. Тажно е што морам да одговарам на вакви прашања, сигурно никогаш не би направил нешто толку глупаво.
– Арсенал играше на овој стадион пред неколку дена и тоа е единственото логично објаснување зошто дојде до таа сцена. Одиме во погрешна насока ако ова е најважна вест после натпреварот кој го одигравме. Никогаш не би го направил тоа намерно, би бил навистина глупав да смислам такво нешто, – изјави менаџерот на „петлите“.
Thomas Frank... what's that in your hands? 😬 pic.twitter.com/bySo5ovsUI
— B/R Football (@brfootball) January 7, 2026








