[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“

Точка

05/12/2025

12:11

1.427

Големина на фонт

а а а

Снимката од камерата на ѕвончето, која ја прикажува искрената реакција на момче на прв состанок со девојка, ги стопи срцата на корисниците на интернет. Оливија Шепстоун (26) сподели видео од својот сегашен партнер Луис Пери, кој се насмевнува од уво до уво во моментот кога првпат ја видел пред вратата, а исечокот брзо собра речиси 700.000 прегледи и илјадници лајкови.

Првиот состанок

Парот се запознал преку апликацијата „Hinge“ во мај оваа година. Се допишувале месец дена пред да го договорaт првиот состанок – појадок и прошетка низ пристаништето во Фолмаут, Корнвол. Пери дошол по неа, а токму тогаш настанала сега веќе виралната снимка. Оливија се присети дека изгледал „толку нервозно“ и дека очигледно се обидувал да смисли што да каже.


Од прв состанок до планови за венчавка

Оливија раскажала дека поради лоши искуства речиси „се откажала од состаноци“, но со Луис било поинаку. Состанокот, како што вели, „летнал“, а на крајот тој нервозно ја прашал дали би сакала повторно да излезат. Таа прифатила и парот оттогаш е заедно. Сега веќе се шегуваат дека снимката од камерата на ѕвончето би можеле да ја пуштат на нивната венчавка – а таа идеја веќе воопшто не звучи невозможна.


„Тоа е твојот идeн сопруг“

Корисниците на ТикТок беа воодушевени од неговата реакција, а коментарите само се нижеа:

„Душо, тоа е твојот идeн сопруг, погледни како те гледа, тој човек бил вљубен уште во тој момент“, „Дури и ти заѕвони на вратата, колку момци би свиреле од автомобил или ќе те чекаат подолу на улицата“ и „Ова е тип на маж каков што сите посакуваме во своите животи“, се некои од коментарите.