Неодамнешно истражување открило европски дестинации на кои е најдобро да си купите куќа за одмор.
Истражувањето кое го спровела британската агенција „Property Finder“ открило кои земји се најдобар избор кога станува збор за купување куќа за одмор.
Врз основа на различни критериуми биле доделени оцени, а врз основа на добиените поени направена била ранг-листа.

На првото место се нашла Шпанија со 79 поени од можни 100.
Шпанија добила најголем број поени благодарение на своето културно богатство, пристапноста и атрактивниот начин на живот.
Оваа земја е најдобра за љубителите на културата, уметноста и архитектурата, дел и поради фактот што во неа се наоѓаат 50 локалитети под УНЕСКО.
Шпанија има поволни цени, опуштен начин на живот, прекрасни градови и гостопримливи жители. Поради сето тоа таа е една од најбараните дестинации за луѓето кои сакаат да купат куќа во која би го поминале годишниот одмор.

На второ место е Франција со 69,4 поени. Франција е на врвот на листата поради начинот на живот и бројните природни убавини и културни богатства.
Оваа земја има 54 локалитети под УНЕСКО и е една од најпосетените земји на светот.
Португалија се нашла на третото место со 65,8 поени. Со над 300 сончеви денови годишно, опуштена атмосфера и пристапни цени на недвижнини, го заслужила ова место.

Локацијата, културата и долгата историја на Португалија привлекува многу туристи.
Не е ниту чудно што се нашла на третото место на листата на земји во кои луѓето со задоволство би купиле куќа за одмор.
На четвртото место се нашле Обединетите Арапски Емирати, а на петтото САД, пишува „Daily Mail“.















