[ВИДЕО] Кунг-фу старт во Лигата на шампиони: Како да добиете црвен картон во 3-та минута?

Дерби

22/10/2025

10:44

494

Големина на фонт

а а а

Судбината посака дебитантите Каират и Пафос да имаат меѓусебен дуел во првата фаза во Лигата на шампиони, а во натпревар во кој се играше максимално тврдо и доста претпазливо, на крајот мрежите мируваа и не видовме ниту еден гол.

Домаќинот од Казахстан пропушти голема шанса да освои први и историски три бода во најелитното натпреваување, од едноставна причина што речиси цел натпрвар го играше со играч повеќе.

Пафос остана со десет фудбалери на теренот уште во 3-та минута од мечот, откако Жоао Кореија режираше старт за во затвор.

Играчот на Пафос изведе луд кунг-фу старт и малку фалеше да му нанесе тешка повреда на противникот, па на судијата не му преостана ништо друго, освен да му покаже директен црвен картон.

И со играч помалку на теренот, Пафос успеа да издржи и да го освои вториот бод во Лигата на шампиони, додека за Каират ова беше прв историски во најквалитетното европско натпреварување.