Симеоне извлече сериозен заклучок за играта на Арсенал по убедливиот пораз од 4:0

Дерби

22/10/2025

14:24

527

Големина на фонт

а а а

Арсенал целосно го разби Атлетико Мадрид во второто полувреме и му даде четири гола во период од 13 минути, период кој беше доволен домашниот тим да оствари убедлива победа од 4:0.

Во дуел на два тврди тима кои се фокусирани на својот гол, никој не очекуваше така уверлив триумф од Арсенал, но Диего Симеоне призна дека истиот е целосно заслужен и извлече и јасен заклучок за тимот кој го води Микел Артета.

Атлетико од стартот на сезоната играше натпревари со два големи ривали како Реал Мадрид и Ливерпул, но Чоло вели дека нивото на Арсенал во овој момент е едно скалило погоре.

– Арсенал е најдобриот тим со кој сме соочиле оваа сезона. Тие се натпреваруваат толку добро, нивните фудбалери трчаат постојано и ги има на сите страни на теренот. Тие заслужија да победат и сакам да им честитам за изданието.

– Ова мора да биде лекција од која ќе научиме нешто, мора да се подобриме. Добро се натпреварувавме речиси 60 минути, а потоа Арсенал беше далеку подобар тим и заслужено оствари убедлива победа, – изјави Симеоне.