Фудбалските академии на Динамо, Црвена звезда и Партизан меѓу најдобрите во светот

Макфакс

22/10/2025

15:14

252

Големина на фонт

а а а

Фудбалската опсерваторија (CIES) од Швајцарија се етаблираше во последните години како релевантна институција за бројни анализи на трендовите во светскиот фудбал. Редовно објавува нови интересни податоци.

Денешната анализа се однесува на квалитетот на фудбалските академи низ целиот свет.

За разлика од некои претходни анализи, беа земени предвид различни фактори: колку играчи од фудбалската школа, денес играат во 49-те најдобри лиги на планетата, потоа колку минути минуваат на теренот, а секоја лига има индекс, не сите се третирани подеднакво. На крајот се добива просечен резултат, според кој се рангираат клубовите.

На листата на Швајцарскиот фудбалски инситут високо се рангирани академиите на великаните од просторите на поранешна Југославија: Динамо, Црвена звезда и Партизан. Најторфејниот хрватски клуб е на седмото, а школите на белградските клубови се рангирани на 11-то и 20-то место.

Бенфика е на првото место, по неа следуваат Барселона, Ривер Плата, Ајакс, Бока Јуниорс, Спортинг, Динамо Загреб, Дефенсор (Уругвај), Реал Мадрид и Велез Сарсфилд се меѓу првите десет.

Помеѓу Црвена звезда и Партизан се Сао Паоло, Динамо Киев, Коринтијанс, Фламенго, Сан Лоренцо, Национал, Палмеирас и Пари Сен Жермен.