[ВИДЕО] Снимката од Трамп на која говори за младата портпаролка предизвика низа шпекулации: „Тоа лице. Тој мозок. Тие усни, начинот на кој се движат“

Точка

02/08/2025

13:18

2.377

Големина на фонт

а а а

Секој потег на американскиот претседател Доналд Трамп станува главна тема на светските медиуми, а се чини дека неговото благонаклонетост кон младата портпаролка предизвика низа шпекулации…

Имено Трамп неодамна се појави во емисијата „Newsmax“, каде што зборуваше за своите соработници, а се чини дека младата портпаролка Керолајн Левит особено го привлекла вниманието на американскиот претседател.

Во интервјуто, тој зборуваше со пофалби за младата соработничка, кои, според коментарите на гледачите, биле малку дегутантни.

„Тоа лице. Тој мозок. Тие усни, начинот на кој се движат. Се движат како митралез“, рече Трамп и додаде дека Левит „станала ѕвезда“, а ја нарече „одлична личност“ и „најдобрата портпаролка што Белата куќа некогаш ја имала“.

Реакцијата на јавноста, секако, беше остра.

„Одвратно“, „Усни? Кој друг коментира за усните на една жена на таков начин? Болно“, „Дали имаат афера?“ беа само дел од коментарите. Некои дури ја споредија и со Моника Левински, најпознатата љубовница во светот, која имала афера со Бил Клинтон додека работела за него.


Која е Керолајн Левит?

Керолајн Левит (27) ја започна својата соработка со американскиот претседател во 2024 година како портпаролка на неговата изборна кампања.


Победата на Трамп на изборите ѝ донесе нова позиција – таа стана најмладата портпаролка на Белата куќа што ја извршувала таа должност.

Инаку Левит е позната по своите остри ставови и одбрана на политиките на Трамп. Неодамна изјави дека е „крајно време Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир“, поради, како што тврди, неговата успешна меѓународна дипломатија.

Покрај своите радикални ставови, Керолајн ја интригира јавноста и со својот љубовен живот. Имено во јануари оваа година, таа се омажи за претприемачот Николас Ричи (59), кој е 32 години постар од неа, само неколку дена пред инаугурацијата на Трамп.