[ВИДЕО] Српскиот актер се снимил додека јаде паштета на плажа во Хрватска: „Не дозволувајте лажните инфлуенсери да ви го кројат денот“

Точка

28/07/2025

23:16

4.938

Големина на фонт

а а а

Српскиот актер Амар Мешиќ привлекол големо внимание со видеото во кое додека е на одмор во Хрватска јаде паштета и домат.

Тој во описот на видеото напишал: „Немојте да дозволите лажните инфлуенсери да ви го кројат денот“.

„Домат туристи“ е термин којшто се користи за посетителите кои на плажа носат своја храна.

Меѓу нив се и оние кои не можат да си дозволат оброци во ресторани, што не е ни чудно земajќи ги предвид високите цени на туристичките дестинации. Мешиќ одлучил да одговори на сето тоа со видеото на кое тој јаде домат и паштета на плажа.

Додека е на одмор во Сплит во Хрватска тој споделил порака: „Немојте никогаш во животот да глумите тоа што не сте. Немојте да дозволите лажни инфлуенсери да ви го кројат денот. Уживајте во малите работи како јас во лебот, доматот и Аргетата. Тоа е животот“, порачал Амар.

Српскиот актер минатата година бил во центар на внимание откако добил отказ затоа што го критикувал претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој јавно го прозвал, а после отказот во серијата тој работел во градежништво.

Меѓутоа, сепак добил нови улоги, а се појавил и во хрватската серија „Во добро и зло“.