Поп пејачката Марија Шерифовиќ со своите следбеници го сподели непријатното искуство што го доживеала на белградскиот аеродром, откако итно го прекинала својот летен одмор за да одржи настап во Црна Гора, поточно на Цетиње. Во видео-снимка што ја објави на Јутјуб, видно вознемирена раскажа низ каков стрес поминала обидувајќи се да стигне до публиката.
„Многу се изнервирав, ама само да најдам некое место каде што на раат ќе ви раскажам“, ја започнала таа снимката директно од аеродромот, потенцирајќи дека не можела да поверува што ѝ се случило.
Како што објасни, нејзиниот лет доцнел, а причината што првично ѝ била соопштена не била вистинита.
„Авионoт доцнеше, наводно поради времето. Меѓутоа, не беше поради времето, туку затоа што доцнел од претходната дестинација“, објаснила пејачката.
Сепак, вистинскиот шок следел кога Шерифовиќ се обидела да се качи во авионот, бидејќи доживеала сосема неочекувана ситуација.
„А јас претходно едвај успеав да се чекирам, затоа што за мојот лет продале една карта повеќе! Ми рекоа: ‘За вас повеќе нема место во авионот.’ Им одговорив: ‘Фантастично! На кого треба да му ја отсечам главата?’“, раскажала Марија, обраќајќи ѝ се директно на српската авио-компанија со порака да внимаваат повеќе во иднина.