Еден месец по смртта на Хајден Панетиер пристигна конечна потврда: Ова е причината за смртта на актерката

Точка

22/09/2026

20:00

875

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Хајден Панетиер, најпозната по улогите во ТВ-сериите „Heroes“ и „Nashville“, почина на 16 август 2026 година на 36-годишна возраст.

Како што сега е соопштено, актерката починала од случајно предозирање, односно од комбинација на повеќе наркотици, вклучително и фентанил, соопшти вештакот од Јужна Каролина.

Да потсетиме, Хајден Панетиер била пронајдена без свест во стан во Гринвил, во Јужна Каролина, на 16 август. Во станот тогаш се наоѓале нејзиниот партнер со кого повремено била во врска, Брајан Хикерсон, и неговиот брат Зак Хикерсон.


Според соопштението на Канцеларијата на вештакот на округот Гринвил, во нејзиниот организам била пронајдена комбинација од фентанил и негов нуспроизвод, како и алпразолам, лек против анксиозност, мускулен релаксант и лек кој се користи во лекување на тешка депресија и други сериозни ментални нарушувања.

Канцеларијата не објавила дополнителни детали од обдукцискиот наод на некогашната детска ѕвезда.


Кејси Кичен, портпаролка на семејството, за „The Associated Press“, одговарајќи на прашањето за извештајот, рекла дека „истрагата сè уште е во тек и дека случајот е сложен“.

Полицијата во Гринвил потврдила дека истрагата за смртта сè уште продолжува.

Ја пронашле без свест во станот

Екипата на итната помош пристигнала во станот на актерката набргу откако го примила повикот. Повеќе од 40 минути траеле реанимацијата и другите постапки за оживување, пред да биде прогласена за мртва.

Со обдукцијата не биле пронајдени знаци на повреди кои би можеле да бидат причина за нејзината смрт, навел во соопштението вештакот на округот Гринвил, Мајк Елис.


Полицискиот извештај објавен по нејзината смрт содржел список на лековите што ги користела Панетиер, но имињата на лековите биле затемнети.

Хајден стекна светска слава во телевизиските серии „Heroes“ и „Nashville“. Во својата книга зборуваше за трајните последици што раната слава ги оставила врз неа, како и за зависноста од алкохол и постпородилната депресија која ја доживеала по раѓањето на ќерката Каја, која во 2014 година ја доби со украинскиот боксер Владимир Кличко.


Во текот на животот се соочила и со бројни семејни проблеми и трагедии. Бракот на нејзините родители бил нарушен и на крајот бил прекинат.

Нејзиниот помлад брат Јансен Панетиер, кој исто така беше актер, почина во 2023 година од срцеви проблеми, на 28-годишна возраст.