Дуња Јованиќ доаѓа во Скопје: RESET подготвува поткаст во живо пред публика

Точка

22/09/2026

13:22

213

Големина на фонт

а а а

Една од највлијателните регионални инфлуенсерки и претприемачки, Дуња Јованиќ, доаѓа во Скопје како специјална гостинка на RESET.

На 10 октомври 2026 година, по повод Светскиот ден на менталното здравје и првиот роденден на RESET, во хотел Limak Skopje ќе се одржи специјален RESET поткаст во живо пред публика. Настанот истовремено ќе го означи и официјалниот почеток на втората сезона на поткастот.


Во отворен и искрен разговор со авторката и водителка на RESET, Нина Ред, Дуња ќе зборува за личноста зад јавниот имиџ, за успехот, предизвиците, притисокот на јавноста и за тоа кои сме кога ќе се исклучат камерите.

„Сакавме втората сезона да ја започнеме со разговор што ќе остави трага. Дуња изгради силна кариера и препознатлив бренд, но зад секој голем успех постои и човечка приказна која публиката ретко има можност да ја слушне“, вели Нина Ред.


Повеќе информации за присуството на поткастот во живо ќе бидат објавени наскоро на профилите на RESET на YouTube, Facebook, Instagram и TikTok.

Генерален спонзор на настанот е dm drogerie markt, официјална вода е ROSA, а партнер за транспорт и видливост е Dongfeng.