Познатиот пејач им се заблагодари на обожавателите, па откри дека се бори со опасна болест: „Додека бев на бина, чувствував огромна болка, потполно луд замор и мачнина“

Точка

01/08/2025

18:33

1.146

Големина на фонт

а а а

Пејачот и актер Џастин Тимберлејк неодамна повторно се врати на сцената по долго време. Тој со години паузираше од музиката, а сега отворено прозборе за своето здравје.

Имено, Џастин соопшти дека му е дијагностицирана лајмска болест.

Веста ја соопшти на Инстаграм

„Меѓу другото, се борам со одредени здравствени проблеми, и дијагностицирана ми е лајмска болест. Не го кажувам ова за ме сожалувате, туку за да го објаснам она низ што поминував зад сцената. Ако вие или некој што го познавате се справувал со оваа болест, тогаш знаете: живеењето со неа може да биде немилосрдно исцрпувачки, и ментално и физички. Кога првпат ми беше дијагностицирана, бев шокиран. Но, барем тогаш можев да разберам зошто, кога бев на сцената, чувствував огромна болка во нервите или потполно луд замор и мачнина. Се соочив со лична одлука: дали да ја прекинам турнејата или да продолжам и да најдам начин да истуркам? Решив дека радоста што ми ја носат настапите, далеку го надминува привремениот стрес што моето тело го чувствуваше. И многу ми е мило што продолжив“, напиша Џастин, меѓу другото и додаде:


„Не само што себеси си ја докажав сопствената ментална сила, туку сега имам толку многу посебни моменти со сите вас што никогаш нема да ги заборавам. Отсекогаш ме учеле да ги чувам ваквите работи за себе, па затоа се двоумев да зборувам за ова. Но, се обидувам да бидам поотворен кога се работи за моите борби за да не бидам погрешно разбран. Го споделувам сето ова со надеж дека сите можеме да најдеме начин да бидеме повеќе поврзани. Би сакал да дадам свој придонес и да им помогнам на оние кои исто така се справуваат со оваа болест“.

Во коментарите пејачот доби бројни зборови на поддршка.


Што е лајмска болест?

Лајмската болест е инфективно заболување кое се пренесува преку каснување од заразен крлеж.

Тоа е системска болест која може да влијае на кожата, зглобовите, нервниот систем и другите органи.

Случаите на лајмска болест се зголемуваат во последните децении, особено во текот на пролетните и летните месеци кога крлежите се најактивни.


Доколку не се препознае и лекува навреме може да предизвика сериозни здравствени проблеми и последици, но важно е да се знае дека лајмската болест е излечива во повеќето случаи со навремен третман.