[ФОТО] Дуа Липа доби косовско државјанство! Претседателката Вјоса Османи ѝ порача: „Добредојде дома, Дуа“

Точка

01/08/2025

15:52

1.349

Големина на фонт

а а а

Светски познатата пејачка Дуа Липа доби косовско државјанство откако претседателката Вјоса Османи потпиша декрет со кој е овозможено тоа, објави „Анадолу“.

Во објава на својот Фејсбук профил вчера, Османи рече дека тоа е „посебна чест“ за земјата, нагласувајќи дека пејачката е една од најважните културни и уметнички личности во историјата на Косово.

Mirë se erdhe në shtëpi, Dua! ❤️

Nder i veçantë që sot, me dekret presidencial, t'ia jap shtetësinë e Republikës së...

Posted by Vjosa Osmani on Thursday 31 July 2025

„Добредојде дома, Дуа. Таа беше и продолжува да биде еден од најсилните гласови на најголемите светски сцени, пишувајќи историја со своите достигнувања и станувајќи инспирација за милиони луѓе низ целиот свет“, напиша Османи.

Иако е родена во Лондон, Дуа Липа се вратила во Косово со своето семејство кога имала 11 години, каде што поминала неколку години. Таа зборува албански и секогаш го истакнува својот двоен идентитет како своја силна страна.

Пејачката пристигнала во Косово пред фестивалот „Сани Хил“, кој го организира со години во главниот град Приштина. Музичкиот фестивал, на кој таа ќе биде главна ѕвезда, ќе се одржи од 1 до 3 август.


Дуа Липа, покрај британскиот пасош, има и албанско државјанство, кое го добила пред три години.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај ѝ додели државјанство на поп-ѕвездата за, како што рече, нејзината улога во ширењето на албанската култура на меѓународно ниво преку нејзината музика.

Бегај тогаш изјави дека пејачката добила државјанство во пресрет на 110-годишнината од независноста на Албанија.