[ВИДЕО] Арнаутовиќ се расплака на прашањето за Синиша Михајловиќ

Макфакс

24/07/2025

17:42

891

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Црвена звезда на „Маракана“, го претстави најголемото засилување, Марко Арнаутовиќ.

Арнаутовиќ потпиша двегодишен договор со српскиот шампион, а медиумите објавуваат дека ќе заработува два и пол милиони евра по сезона.

Репрезентативецот на Австрија одговори на многу прашања, а не можеше да го задржи солзите кога го прашаа за Синиша Михајловиќ.

„Ова прво прашање е многу тешко, не требаше да ме прашате тоа, тој ми брат, татко, тој ми беше сè. Му ветив дека еден ден ќе дојдам тука. Секој ден зборувавме за Звезда, повеќе за Звезда отколку за Болоња во тоа време. Разговарав и со неговите деца, неговата сопруга, сите беа среќни, плачеа. Плачев повеќе во овие три дена отколку во целиот мој живот. Кога јас… не можам“, емотивно одговори Арнаутовиќ.