Светски шампион на Франција распали по Јамал: Тој е неподнослив, не можам да го гледам!

Дерби

23/07/2025

15:59

1.878

Големина на фонт

а а а

Адил Рами беше член од златната генерација на Франција која ја освои светската титула на мундијалот во Русија пред седум години, а дотогаш, францускиот стопер веќе беше познат на јавноста како дефанзивец кој ги бранеше боите на Валенсија, Севилја и Милан.

Поранешниот француски репрезентативец веќе две години е фудбалски неактивен и доста ретко доаѓа до израз во јавноста, но сега последното обраќање преку емисија на социјалните мрежи го искористи за да распали по најголемата млада ѕвезда во светскиот фудбал.

Ламин Јамал стави потпис на нов договор со Барселона и ја доби „десетката“ која своевремено ја носеше и Меси, но според Рами, новиот 18-годишник не поседува доблест да носи таков број кој бара и голема одговорност.

– Веќе два месеци не можам да го гледам. Човечки кажано, не можам да го поднесам. Навистина не ми е гајле што мислат неговите фанови, или фановите на Барселона. Јас ви ја кажувам вистината, тоа што навистина го мислам. Фудбалски гледано, нема што да се каже за него, тој е голема ѕвезда и дефинитивно ќе освои „Златни топки“, европски првенства и што се не…..

– Но, од човечка гледна точка, нека оди по ѓаволите. Начинот на кој се ракуваше со Роналдо за време на натпреварот со Португалија многу ме налути, а не ми се допаѓа и при интервјуата кога самоуверено зборува за себе. Не ми се допаѓа и однесувањето и спуштените шорцеви, приказната за спуштените шорцеви доаѓа од затворите во САД и Мексико. Има работи кои навистина загрижуваат, организира контроверзни забави, потоа го добива дресот со број „10“ и се слика со блескави работи и големи дијаманти. Мисли дека е дел од некој американски филм, навистина е неподнослив, – вели Рами.