[ФОТО] Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart го отвори вториот мини пич терен во Велес

Точка

25/07/2025

20:53

531

Големина на фонт

а а а

Во живописниот Велес, град со душа што пулсира со историја, култура и љубов кон спортот, светна нова надеж: мини пич терен кој не само што ги зближува луѓето, туку ја отвора вратата кон соништата на многу млади фудбалери.

Теренот е донација од компанијата Mozzart, чија мисија е да покаже дека фудбалот не е само трка за топка – туку празник на заедништво, поддршка и човечност.


Акцијата Фудбалот е повеќе од игра започна во Србија, а од оваа година истата се реализира и на македонско тло.

Овој терен го носи името на велешката легенда Панче Ќумбев – симбол на посветеност, храброст и инспирација.


„За мене ова значи голема чест и почитување,и секако обврска да продолжам со мојот ангажман во фудбалот и воопшто во спортот.Тоа што теренот го носи моето име за мене е голема работа,доказ дека сум оставил белег со својата кариера.Велес и Македонија секогаш давале големи имиња во спортот и мило ми е што Mozzart како општествено одговорна компанија со вложувањето во спортски терени тоа го препознава и поддржува. Вложувањето во спортски терени е вложување во здравјето на младите. Преку спортот можеме да градиме здрава иднина и здрави поколениjа, а основа за тоа се условите и терените. Mozzart очигледно ја знае вистинската формула за тоа и вложува во спортска инфраструктура. Продолжете со оваа благородна мисија и едно големо благодарам за се што правите”, изјави Панче Ќумбев.


На отворањето присуствуваа бројни љубители на фудбалот – родители, деца и млади таленти. Сите обединети во една емоција: благодарност.

Првите кои имаа чест да го тестираат теренот беа младите фудбалери од Велес. Тие одиграа хуманитарен натпревар со цел да помогнат на лицата со церебрална парализа од својот град — гест кој потврдува дека фудбалот има моќ да обединува и инспирира.

„Задоволството е огромно кога гледаме колку значи еден ваков проект за младите. Можеби токму тука ќе се роди новата фудбалска ѕвезда на Македонија. Нашата улога е да поддржиме, а младите да сонуваат, тренираат и го чуваат овој терен како свое светилиште,“ рече Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.


Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ своето патување низ Македонија го започна од бисерот Охрид, продолжи во Велес, и наскоро ќе го заокружи во Свети Николе. Секој град добива нешто повеќе од терен – добива приказна, заедница и потсетник дека спортот има моќ да менува животи.