Миленичката на помладите генерции, славната актерка и пејачка Селена Гомез го прослави 33-тиот роденден, а по тој повод објави важна порака на Инстаграм. Необичен детаљ на нејзината роденденска торта го привлече вниманието на обожавателите, во најмала рака, што збуни многумина.
Селена го искористи својот роденден, 22 јули, за да привлече внимание кон Фондот за ретки влијанија (Rare Impact Fund), организација што ја започна за да го подобри пристапот до услугите за ментално здравје за младите луѓе.
„Пред пет години, на мојот роденден, го покренавме Фондот за ретки влијанија со едноставна цел: да им помогнеме на младите луѓе низ целиот свет да се чувствуваат видени и поддржани. Менталното здравје отсекогаш ми било лично важно и сакав да создадам нешто што ќе донесе трајна промена“, напишала Селена.
Пејачката се пофали дека, благодарение на донациите, фондот досега им помогнал на повеќе од два милиони млади луѓе и поддржал 30 организации во светот.
„А ова е само почеток“, порачала таа и ги поканила следбениците да се приклучат на иницијативата.
„Ви благодарам што сте тука, едни за други и за следната генерација. Тоа е она што значи да се оствари ретко влијание.“
Заедно со емотивна порака, Селена објавила и фотографија на која позира со зелена торта во облик на срце. Но, токму тортата предизвика лавина од коментари. Наместо класични свеќи, тортата била украсена со свеќи во форма на кисели краставички. Реакциите се поделени и урнебесни.
„Не сум сигурен, но торта за роденден со тема на кисели краставички едноставно звучи погрешно“, напишал еден следбеник. Друг коментирал: „Торта со тема кисели краставички?“, додека трет се запрашал: „Зошто никој не зборува за свеќичките во форма на кисели краставички?“
Се чини дека љубовта на Селена кон киселите краставички не е ништо ново. Во 2024 година, нејзиниот свршеник Бени Бланко го истетовира логото на нејзиниот омилен бренд кисели краставички, „Best Maid Pickles“, на ноктите на нозете. За Денот на вљубените, тој ѝ нарача огромна тегла од нив од Тексас, а потоа објави видео на ТикТок како ги пржи во масло со пораката: „Земи една, потопи ја, изеди ја и имај секс“.
Објавата на Селена, и покрај шеговитиот детаљ со тортата, означува важна пресвртница во нејзината хуманитарна работа, која произлезе од нејзините сопствени борби со менталното здравје.
„Долго време бев без поддршката што ми беше потребна затоа што не разбирав како се чувствувам. По бескрајни подеми и падови, конечно најдов помош. Секој ден учам дека грижата за менталното здравје е патување и ниеден ден не е совршен“, признала пејачката на страницата на нејзината фондација.