Ана Ивановиќ му го зададе финалниот удар на Швајнштајгер: Србинката, „пресече“, после ова нема назад

Точка

25/07/2025

22:09

5.061

Големина на фонт

а а а

Откако беше потврдено дека се развела од Бастијан Швајнштајгер, некогашната тениска ѕвезда Ана Ивановиќ повлекла одличен потег.

Таа од својот Инстаграм профил ги отстранила сите приватни фотографии и заеднички моменти со поранешниот сопруг.

На нејзиниот профил сега останале само промотивни видеа кои парот претходно ги снимил како заштитни лица на еден моден бренд.

Овие видео-материјали и натаму се присутни на профилот исклучиво поради обврските од договорите кои ги врзуваат со компанијата, па Ана поради тоа не може да ги избрише.

Нејзината одлука од јавноста да ги тргне семејните и емотивни содржини јасно укажува на желбата да направи пресек и да започне ново поглавје во животот.


Разводот потврден

Веста за разводот официјално беше потврдена на почетокот на неделава кога за германските медиуми говорел адвокатот на Ана Ивановиќ. Во кратко соопштение тој навел дека Ана и Бастијан се развеле поради „ненадминливи разлики“ и дека дополнителни коментари на оваа тема нема да има.

Адвокатот исто така апелирал медиумите да покажат разбирање и да се воздржат од нарушување на приватноста на поранешните сопружници, особено имајќи предвид дека парот има три заеднички деца.


Да ве потсетиме, шпекулациите за проблемите во бракот меѓу Ана и Бастијан кружеа месеци наназад, а објавата за развод само ги потврди. Медиумите со денови пред официјалното соопштение пренесуваа наводни финансиски детали од разводот како можно влијание за разделбата.

Бастијан ужива со новата девојка

Некогашниот фудбалер и сега веќе поранешен сопруг на Ана Ивановиќ, Бастијан Швајнштајгер, првпат бил снимен како разменува бакнежи и ужива во летниот одмор на плажа со својата нова партнерка Силва Капитанова во текот на одморот во Грција.


Парот изгледал опуштено и заљубено, а ова е првпат Швајнштајгер јавно да се појави со нова партнерка без криење, по разводот од поранешната сопруга Ана.