[ФОТО] Ќерката на Мајкл Џексон фотографирана како плаче среде улица: „Никој не треба да ми каже како да тагувам“

Точка

25/07/2025

20:10

1.111

Големина на фонт

а а а

Парис Џексон, 27-годишната ќерка на легендарниот крал на попот Мајкл Џексон, беше снимена како шета сама во солзи низ улиците на Малибу. Парис на фотографиите изгледа вознемирена и потресена, само неколку недели откако беше одбележана 16-годишнината од смртта на нејзиниот татко.

Минатиот месец, таа беше мета на критики за настапот на концерт закажан за точниот ден од годишнината од смртта на нејзиниот татко. Во изјава на социјалните мрежи, објасни дека немала никакво влијание врз распоредот на турнејата, бидејќи не е главен изведувач.

„Само затоа што настапувам на тој ден не значи дека сум заборавила. Никој не треба да ми кажува како да тагувам“, рече таа тогаш.

Ова не е прв пат Парис да покаже емоции јавно, таа беше фотографирана во солзи и претходно, а нејзиниот партнер, музичкиот продуцент Џастин Лонг ѝ беше голема поддршка во тоа време.

Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година, на 50-годишна возраст, од предозирање со лекови на рецепт. Веста за неговата смрт го шокираше светот и остави длабок белег врз неговото семејство, особено врз Парис.

Покрај неа, Мајкл Џексон има два сина – Мајкл Џозеф „Принс“ Џексон Џуниор (28) и Биги Џексон, попознат по прекарот „Бланкет“ (23). Нивната мајка Деби Роу ги роди двете постари деца, додека идентитетот на сурогат мајката која го роди Бланкет никогаш не е откриен.