[ФОТО/ВИДЕО] Џенифер Лопез го прослави својот 56-ти роденден во Турција во стил: Ги истакнала градите во фустан со длабоко деколте

Точка

25/07/2025

21:30

2.663

Големина на фонт

а а а

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез организираше голема забава во Анталија по повод својот 56-ти роденден, каде уживаше заедно со своите блиски пријатели.

Таа сподели видеа од себе како танцува покрај торта на социјалните мрежи. Објави и фотографии од нејзината хотелска соба, од концерт и фотографија од детството.



„Вие сте вистински дар! Ви благодарам многу за сите ваши прекрасни желби за роденден“, напиша таа.



За оваа пригода, таа избра сребрен фустан со смело деколте и отворен грб. Изгледот го надополни со пуштена коса, смела шминка и накит.

На прославата, таа, меѓу другото, танцуваше на нејзината нова песна „Роденден“.

Како што знаете, таа моментално е на турнејата „Up All Night: Live in 2025“. Неодамна, на концерт во Тенерифе, таа симулираше секс и доби бројни критики од фановите. После тоа, отворено проговори за тоа што преферира во сексот.