Ѓоковиќ одмора во друштво на две хрватски легенди и претседателот на УЕФА

Дерби

23/07/2025

15:07

762

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ го користи летниот одмор за да се релаксира и полни батерии на Јадран, па откако претходно беше уловен во Црна Гора, сега веќе неколку дена пристигнуваат слики и видеа од Хрватска.

Српскиот тенисер може да се забележи на едни од најпопуларните острови, а најновите фотографии кои пристигнаа од Корчула брзо станаа вирален хит.

Големиот грен слем рекордер одмора во друштво на две фудбалски легенди, но дел од избраното друштво бил и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Ѓоковиќ се сретнал со претседателот на УЕФА, но далеку поголемо внимание привлекува средбата со Лука Модриќ и Матео Ковачиќ, како и сувенирите кои ги добиле двајцата фудбалери.

Хрватите добиле подароци од Ноле со напишана посвета, а во случајот станува збор за „Лакоста“ маички со кои тенисерот се појавува на официјалните мечеви.