Пред смртта на Ози Озборн му била исполнета последната желба: „Не сакам да умрам во хотелска соба“, сопругата на музичката легенда откри потресни детали

Точка

23/07/2025

11:38

1.601

Големина на фонт

а а а

Тажната вест за смртта на рок легендата Ози Озборн беше објавена во кратко, но емотивно соопштение кое го споделило неговото ожалостено семејство.

Во соопштението било наведено дека членовите на „Black Sabbath“ заедно со неговите најмили, вклучувајќи ја неговата верна сопруга Шерон со која бил во брак повеќе од 40 години, се собрале околу него последен пат во вторникот наутро, кога починал на 76 години.

Ози Озборн починал само неколку недели откако „Black Sabbath“ го одржа прошталниот концерт „Враќање на почеток“ на стадионот Астон Вила.


Соопштение од семејството по повод смртта на Ози Озборн

„Со тага која зборовите тешко можат да ја изразат мораме да ве известиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Беше со своето семејство и опкружен со љубов. Ве молиме во овој момент да ја почитувате приватноста на нашето семејство. Шерон, Џек, Кели, Ејми и Луј“.

Пораката била претходно означена со локација: „Бирмингем, Англија, 22 јули 2025“, а со тоа откриле дека Ози се вратил дома за последен пат.

Последната желба – враќање во татковината

Ози и Шерон говореле за желбата да се вратат во Велика Британија од Лос Анџелес пред здравствената состојба на музичарот да се влоши.

Ози изјавил дека „очајно сака да се врати дома“.Иако претходно планирале да се преселат, постојаните здравствени проблеми го одложувале процесот, Ози се борел со Паркинсонова болест и поминал низ бројни операции заради повреда на грбот.


„Време е да поминам одредено време со своите внуци“, изјавил за „Guardian“ во мај додека се подготвувал за својот проштален настап.

„Не сакам да умрам во хотелска соба. Сакам останатиот дел од животот да го поминам со своето семејство“.

Музичарот и неговата сопруга Шерон планирале да се преселат назад во својот дом во Бакингемшир за тоа да се поклопи со прошталниот концерт.

Ози никогаш не ја криел својата желба да се врати во Англија, за што говорел уште во август 2022 година, по повеќе од две децении поминати во Лос Анџелес.

Тој остро ја критикувал ситуацијата, велејќи: „Сѐ е е*ено смешно. Доста ми е од тоа луѓето секојдневно да бидат убивани“, изјавил за „The Observer“.

„Бог знае колку луѓе настрадале во пукањата во училиштата. И, тоа масовно пукање во Вегас, на оној концерт... Тоа е лудо“.

Меѓутоа, селењето со години било одложувано заради лошата здравствена состојба на Ози.


Говорејќи за „Planet Rock“ за концертот на „Black Sabbath“ одржан на 5 јули, неговата сопруга Шерон потврдила дека тој настап на Ози конечно ќе му даде можност да се врати дома.

„Доаѓа во март. Неговите браќа („Black Sabbath“) се возбудени што ќе бидат со него“, изјавила Шерон.

На прашањето и дали и натаму планираат трајно да се преселат во Велика Британија по концертот, Шерон одговорила: „Да, планираме“.