Ова е сопругата на моќникот „уловен“ со љубовницата на концертор на „Колдплеј“: Откако светот дозна дека сопругот ја изневерува, таа повлече брутален потег!

Точка

18/07/2025

15:42

8.103

Големина на фонт

а а а

Фронтменот на групата „Coldplay“, Крис Мартин, веројатно сосема ненамерно, им го привлече вниманието кон прељубниците кога таканаречената „камера за бакнежи“ ги фати како се гушкаат.

Шокиран Енди Бајрон, кога се виде себеси и љубовницата на видео-бимот, почнал да се трга од кадарот, додека Кристин Кабот посрамена го криела лицето со рацете. Сакале да ја прикријат прељубата, но било забележано повеќе од доволно.

Срамниот видео-запис направи бум на социјалните мрежи. Започна потрага по одговорот на прашањето – која е сопругата на Енди Бајрон, која неминовно стана дел од овој скандал.

Сопругата на неверниот тајкун работи во училиште, имаат два сина

Сопругата на извршниот директор на „Astronome“, компанија со седиште во Синсинати, Меган Кериган Бајрон, по образование е педагог. Живее во Њујорк и работи во училиштето „Bancroft“ како помошничка директорка, задолжена за пониските одделенија и за програмата „Hope Graham“, која ги поддржува учениците со потешкотии во говорот.

Со сè уште официјалниот сопруг Ендри Бајрон, кого го обвинуваат дека ја посрамотил семејството, има два сина, кои може да ги видите на заедничката фотографија.


Повлече драстичен потег, голем број луѓе ѝ даваат поддршка

Меган не се експонирала многу на социјалните мрежи, а по објавувањето на шокантниот снимок, нејзиниот Фејсбук профил го преплавија пораки на поддршка, особено под семејните фотографии. Социјалните мрежи, исто така, се полни со коментари за овој несекојдневен настан и најчесто го осудуваат прељубникот дека ја посрамотил семејството.

Некои забележале дека Меган го избришала презимето на сопругот од своите профили на социјалните мрежи, што било протолкувано како нејзин одговор на скандалот, односно најавата за развод што набргу ќе следи. За тој потег пишува „financialexpress.com“.

Како што наведува „Page Six“, љубовницата на тајкунот го избришала својот профил на Фејсбук, додека од мрежата „LinkedIn“ е отстранета објавата во која беше соопштено дека Кристин Кабот во ноември 2024 година ѝ се приклучила на компанијата „Astronome“.

Во тоа соопштение било наведено дека Кристин е извонредна во својата работа, со која се занимава веќе две децении.


Според профилот на технолошкиот тајкун на „LinkedIn“, тој од мај 2023 година е на чело на компанија за развој на софтвер. Вредноста на компанијата изнесува повеќе од 1,3 милијарди долари. Жената со која разменуваше нежности на концертот, на оваа мрежа навела уште едно презиме во заграда и се пофалила дека ја освојува „довербата на работниците на различни нивоа, од извршни директори до менаџери и асистенти“.