Симон Бајлс не е честа тема на медиумите, освен кога се во прашање големите спортски успеси, меѓутоа понекогаш успева да ги изненади обожавателите со малку попровокативни објави.
Имено познатата гимнастичарка моментално ужива на Бахамите од каде речиси секојдневно објавува различни фотографии.
Таа покажа неколку кадри од плажа, базен и луда забава со пријателите, но сепак многу поголемо внимание привлекоа објавите во кои позирала во бикини.
Нема сомнеж дека Симон со право може да го покаже своето мускулесто тело, а овој пат носела мало бордо бикини и впечатливи очила за сонце.
На следната фотографија таа го покажа црното бикини, но и секси чипкастиот фустан за плажа кој можеби и „победи“ кога е во прашање воодушевувањето.
Овие објави доаѓаат еден месец откако таа и нејзиниот сопруг заминаа на незаборавен меден месец во Јужна Африка, а интересно е тоа што парот чекал две години за да тргне на ова патување.
Инаку, љубовната приказна на Симон често била предмет на дискусија, најмногу поради „навредата“ што му ја простила на нејзиниот сопруг Џонатан Овенс.
И покрај сѐ, Симоне продолжи да постигнува успеси во кариерата, а судејќи според фотографиите одлично ѝ оди и во приватниот живот.