[Видео] „Земјотрес“ го објави краткиот филм за Мирко Попов, еден од организаторите на фестивалот

Точка

15/03/2025

16:24

444

Големина на фонт

а а а

Фестивалот за свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“ го сподели краткиот филм за Мирко Попов, еден од главните иницијатори и организатори на овој настан.

Филмот беше проектиран на овогодинешното издание на фестивалот и ја пренесува пасијата на Мирко за музиката, диџејството, неговиот бенд, независната сцена… Воопшто зборува и за важноста на македонското творештво, но и за младите како движечка сила.

Мирко Попов почина лани, на негова 51-годишна возраст. Тој беше еден од луѓето што учествуваше во воздигнувањето на електронската сцена, диџеј, продуцент, текстописец и постојан поддржувач на независната сцена, особено на млади и алтернативни музички откровенија.


Попов, освен со „Земјотрес“, може да се поврзе и со култното скопско музичко радио „Канал 103“, каде од почетокот на 90-тите беше еден од клучните моменти во неговиот развој како личност и музичар. Канал 103 е главниот катализатор и на современиот восклик на новата генерација и независното движење.

Во тој правец се движи и ПМГ Колективот во 1995-та од Мирко Попов (и Александра Малевски), како манифест на акцијата која треба да го победи незадоволството од актуелната состојба.

Тој во 1998 ја формира ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која има намера да ја регистрира и промовира квалитетната музика на новото време. Во дискографијата на ПМГ Рекордингс има албуми на артисти или бендови како Псајкоз, Роботек, Мугер Фугер, Душко Јаневски, Бернејс Пропаганда, Д Џон, Марија Каева, Беј Д Фиш, Фајтинг Виндмилс, Фонија, Александар Пејовски, Конкверинг Лајн, Галатеја, Милко, Мухамед Ибраими, Александар Велики, Горан Кан, Д Локал Блу, Блекстејт, Лепи Џони, Виктор Гавриловски, Исток Ј. Улчар, Диџеј Магија…


Последните години на минатиот век ги донесоа и првите (хаус, техно и електро) продукции за него, за во 2003-та сето тоа прерасне во бендот ПМГ Колектив, со кој ќе има 9 албуми и едно издание на најголемите хитови, но и повеќе од 500 концерти.

Попов, меѓу другото, дел беше дел и од електро-џез состав Кантон 6, но и Mirko Popov Quart, а притоа и сценарист и продуцент на документарниот филм „103-Љубовно писмо до алтернативната култура” и комплетен автор на музичкиот филм „До небото замок”. Продуцент, сценарист и автор е на повеќе од 50 музички видеа.

Автор е на книгата „20 Години те Сакам – Монографија за ПМГ колектив”. Автор е на книгата за деца „Розевата Планета” издадена за Чудна Шума на македонски и албански јазик.

Заедно со музичарот Владан Дробицки, идеен творец е на џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“, беше иницијатор и уредник на неговиот музички проект, платформата „Силата ЕУ младите“.