Витор Роке дебитираше со скандалозен пенал во Бразил

Дерби

11/03/2025

11:34

450

Големина на фонт

а а а

Витор Роке се најде во стартната постава на Палмеираш на својот прв натпревар во зелената униформа, а доскорешениот напаѓач на Барселона и Бетис веднаш се најде во центарот на вниманието.

Бразилскиот напаѓач го искористи враќањето во родната земја за да заигра во полуфиналето на Паулиста шампионатот, па доста брзо ќе се бори за својот прв трофеј како член на Палмеираш.

Неговиот тим победи со 1:0 во дерби пресметката со Сао Пауло, а истата беше решена со еден крајно сомнителен пенал, кој во Бразил беше означен како скандалозен.

Роке исценира прекумерен контакт во ситуација кога дефанзивецот на Сао Пауло целосно се обидуваше да го избегне напаѓачот, па иако беше евидентно дека Витор претера во дадениот момент, судијата покажа на белата точка.

Ваквата одлука на главниот арбитар ги разбесни играчите на Сао Пауло кои протестираа на теренот, но уште погласни се критиките за судијата и Роке по крајот на мечот.

Бразилските експерти ја осудија глумата на Роке во дадената ситуација, а заклучокот е дека Палмеираш се најде во финалето благодарение на подарен пенал.