Нутриционистите тврдат дека овие 4 зачини можат да го забрзаат слабеењето и да ги намалат воспаленијата

Точка

08/03/2025

12:36

2.842

Големина на фонт

а а а

Зачините не се само засилувачи на вкусот – тие се богати со моќни соединенија кои обезбедуваат бројни здравствени придобивки. Освен што ги збогатуваат јадењата со арома, содржат биоактивни материи кои можат позитивно да влијаат на здравјето. Многу зачини имаат антивоспалителни, метаболички и антиканцерогени својства, што ги прави одличен додаток на врамнотежената исхрана, велат експертите.

Некои од нив можат да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта, да ја подобрат дигестијата и да го поддржат имунолошкиот систем. Редовното консумирање на одредени зачини може да придонесе за долгорочно одржување на здравјето и спречување на хронични заболувања.


Експертите за исхрана открија четири зачини кои придонесуваат за целокупното здравје како и за слабеењето.

1. Куркума

Куркумата е позната по својата способност да го намали хроничното воспаление благодарение на неговото активно соединение куркумин. „Куркумата содржи куркумин, кој има антиинфламаторни својства. Намалувајќи го воспалението, може да го поддржи губењето на килограмите, вклучително и салото на стомакот“, рече нутриционистката Кимберли Букер за „SheFinds“.


Таа, исто така, истакна дека „куркуминот може да ја подобри чувствителноста на инсулин, што влијае на начинот на кој телото складира масти“.

2. Црн пипер

Црниот пипер не само што е задолжителен во кујната, туку може да помогне и во намалувањето на хроничното воспаление и подобрувањето на метаболизмот. „Пиперинот, активното соединение во црниот пипер, е поврзано со евентуално подобрување на метаболизмот на мастите и може да ја подобри апсорпцијата на други хранливи материи, вклучувајќи ги и оние кои поддржуваат губење на тежината“, објасни Букер.


Таа исто така додаде дека пиперинот има антиоксидантни и антиинфламаторни својства кои можат да го „намалат оксидативниот стрес и воспалението поврзани со развојот на ракот“. Црниот бибер дури може да ја зголеми биорасположливоста на другите зачини, што ги прави поефикасни во телото.

3. Цимет

Циметот е познат по својот одличен вкус, но и по силните антиоксидантни и антиинфламаторни својства. „Еден од најдобрите антиинфламаторни зачини е циметот. Тој содржи моќни антиоксиданти и соединенија кои можат да го намалат воспалението во телото“, рече диететичарот Триста Бест.


Нутриционистката Мери Сабат се согласила со ова и додаде: „Циметот може да ја намали подуеноста и да ја подобри дигестијата“.

4. Ѓумбир

Ѓумбирот е уште еден зачин со импресивни здравствени придобивки, особено во намалувањето на воспалението, подуеноста и гасовите. „Ѓумбирот е единствен по тоа што содржи соединенија наречени џинџероли, кои создаваат антиоксидативен ефект во телото и го намалуваат оштетувањето на клетките од слободните радикали“, вели Бест. Таа објасни дека овој процес помага во борбата против оксидативниот стрес, кој може да придонесе за дебелина и развој на рак.


Д-р Мелина Јамполис додаде: „Во едно истражување, жените кои консумирале два грама (околу половина кафена лажичка) ѓумбир во прав дневно имале намален индекс на телесна маса (БМИ)“. Таа, исто така, истакна дека ѓумбирот може малку да ја зголеми потрошувачката на калории, да го подобри чувството на ситост и да придонесе за здравјето на цревните микроби.